Правдико

   

Советот за утврдување на факти со соопштение до јавноста за нивната работа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија преку соопштение до јавноста даваат објаснување  во однос на критиките кои во последно време зачестија. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Поттикнати од зачестени изјави на бројни јавни личности, истакнати функционери и поединци кои даваат изјави во јавните медиуми за непотребното постоење на овој Совет (орган) и барање за негово укинување, на јавноста го даваме следното објаснување:

  • Советот е основан со Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија од месец февруари 2015 година
  • Согласно Законот, на Советот му е определена надлежност за утврдување на факти и донесување на Одлука за потреба од доставување на барање за покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд, пред Судски Совет на Република Македонија. Конечната одлука за одговорност на судија или претседател на суд, ја донесува Судски Совет на Република Македонија
  • Во Законот се определува дека членовите на Советот се избираат од редот на истакнати пензионирани правосудни кадри (судии, обвинители, професори и адвокати) кои ќе бидат имуни на политички, партиски и други притисоци во професионалното водење на постапките
  • Членовите на Советот беа избрани на непосредни и тајни избори од страна на сите судии од судовите на Република Македонија
  • По своето конституирање во февруари 2016 година, Советот отпочна со разгледување на бројни претставки и поплаки ( иницијативи), поштесени од страна на физички и правни лица
  • За само една година, професионално, стручно и одговорно работење од страна на членовите на Советот беа обработени околу 1.000 (илјада) претставки

Сакаме да укажеме на широката јавност дека овој Совет обезбедува правна заштита за независно и самостојно работење на судиите, но и принципиелен и одговорен орган во случај кога постојат повреди и нестручно и несовесно работење на судиите и претседателите на судови.

Работата на судиите и на претседателите на судови е под надзор на овој орган, во случаите кота граѓаните се обраќаат.

Во последно време овој Совет стана три во окото, посебно на оние “недопирливите“ во судската фела, па отпочна хајка за негово укинување.

Ваквата состојба што се создава во медиумите и по порталите негативно и штетно се одразува врз нормалното работење на Советот.

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија

Партнери на Правдико