Советување на тема -“Конфискација на имот и имотна корист-национална и меѓународна легислатива и практични искуства” | Правдико

Правдико

   

Советување на тема -“Конфискација на имот и имотна корист-национална и меѓународна легислатива и практични искуства”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudstvo-31Академијата за обука на судии и јавни обвинители организира советување на тема “Конфискација на имот и имотна корист-национална и меѓународна легислатива и практични искуства”. На советувањето посебни излагања во однос на темата ќе имаат г-дин Михајло Маневски, поранешен министер за правда на РМ и д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип.

Советувањето ќе се одржи на 23 Јануари 2014 година /четврток/ во просториите на Академијата, ламела 1.

Истото е наменето за судии од кривичните оддели, јавни обвинители, адвокати, како и претставници на релевантни институции.

Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk, најдоцна до 17 Јануари 2014 година.

Извор: Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико