Советувања на тема “Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење мигранти”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, организира две еднодневни советувања на тема “Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и криумчарење мигранти”, наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители, адвокати, претставници на МВР и МП.
Двете еднодневни советувањата ќе се одржат во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, во Скопје со почеток во 10.00часот на деновите:
- 14 Мај 2015 година /четврток/
- 15 Мај 2015 година /петок/
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е–маил: lawyermk@mba.org.mk, со наведување на датумот на советувањето за кое се пријавуваат.