Советувања на тема ”Сослушување на деца во судска постапка”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ, и Адвокатската комора на Република Македонија, организира советувања на тема ”Сослушување на деца во судска постапка”. Ќе се одржат 4 советувања наменети за адвокати од секое поединечно апелационо подрачје.
Советувањата ќе се одржат во хотел Милениум во Битола со почеток во 11,00 часот во наведените термини:
за адвокати од Апелационо подрачје Штип – 27 – 28 Јуни 2014 година
за адвокати од Апелационо подрачје Битола – 30 Јуни – 1 Јули 2014 година
за адвокати од Апелационо подрачје Гостивар – 2 – 3 Јули 2014 година
за адвокати од Апелационо подрачје Скопје – 4 – 5 Јули 2014 година
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на овие советувања, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е–маил. d.georgiev@mba.org.mk,најдоцна до 23 Јуни 2014 година, со наведнување на датумот на советувањето за кое се пријавуваат.
Извор: Адвокатска комора на РМ