Правдико

   

Советување: „ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност – Брисел 2“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „ЕУ регулатива за надлежност, признавање и извршување на судските одлуки во брачните спорови поврзани со родителска одговорност – Брисел 2“.

Советувањето е предвидено да се одржи на 6 декември (петок) 2019 година со почеток во 09.45 часот во просториите на Академијата. Предавачи на советувањето ќе бидат доц. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет Кичево, Среќко Митовски, судија на Основен суд Прилеп и Зора Треневска, судија во пензија од Апелациониот суд Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани за учество, треба да се пријават на е-маил адресата: lawyermk@mba.org.mk

Партнери на Правдико