Советување: „Главна расправа, предлагање и изведување докази, директно, вкрстено и дополнително испитување, доказно рочиште“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Главна расправа, предлагање и изведување докази, директно, вкрстено и дополнително испитување, доказно рочиште“, кое што ќе се одржи на 21 април 2017 година (петок) во просториите на Академијата
Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели и јавните обвинители од Апелационо подрачје Скопје како и за адвокати.
На советувањето свое излагање ќе имаат: г-а Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес, г. Дељо Кадиев, адвокат од Скопје и г. Миле Костадинов јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Кочани.