Советување „Концептот на антидискриминација“ - во Берово | Правдико

Правдико

   

Советување „Концептот на антидискриминација“ – во Берово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира советување на тема „Концептот на антидискриминација“ кое ќе се одржи од 13-15 јуни, во хотел „Манастир“, Берово.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационите подрачја Скопје и Штип.

На советувањето свои излагања ќе имаат г-ѓа Хајди Штерјова-Симоновиќ, адвокат од Скопје,  г-ѓа  Лидија Димова, судија во Основниот суд Велес и г-ѓа Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.  Напоменуваме дека на обуката можат да се пријават единствено учесници кои претходно не ги посетиле советувањата на иста тема организирани од ОБСЕ и Академијата. Поради ограничениот број на учесници,  истите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Препорачуваме

Партнери на Правдико