СОВЕТУВАЊЕ: „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ОБСЕ организира советување на тема „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“ кое е предвидено да се одржи на 13.06.2016 (понеделник) во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели, адвокати кои постапуваат по овој вид предмети, претставници на Народниот правобранител, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје и Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје 2 – Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk. Бројот на учесници е ограничен и ќе биде според принципот „ прв дојден – прв услужен“.