Советување:„Mеѓународна судска соработка во прекугранични спорови од аспект на правото на ЕУ – регулатива на ЕУ за правото кое се применува на договорните обврски (РИМ I)“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Mеѓународна судска соработка во прекугранични спорови од аспект на правото на ЕУ – регулатива на ЕУ за правото кое се применува на договорните обврски (РИМ I)“, кое ќе се одржи на 12 мај 2017 година (петок), во Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии и советници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда.
На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Верка Цветановска од Министерство за правда и проф. д-р Тони Дескоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Прекугранична судска соработка во граѓанската материја во Европската Унија – унификација на колизионите норми
- Основни принципи и подрачје на примена на Регулативата (уредбата) Рим I
- Автономијата на волја како основна точка на врзување за договорните облигации по Регулативата Рим I (чл. 3)
- Определување на меродавното право за договорните облигации во отсуство на автономијата на волја на странките според Регулативата Рим I (чл. 4)