СОВЕТУВАЊE на тема: „Даночно прaво: Дaнок на добивкa и присилна наплата“
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Даночната академија при Управата за јавни приходи на Република Македонија, организира советување кое ќе се одржи на 9 и 10 март 2015 година (понеделник и вторник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:30 часот.
Советувањето е наменето за судиите и стручните судски службеници на Управниот суд и Вишиот управен суд како и за претставници на Управата за јавни приходи, кои работат на соодветната материја.
Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: г-ѓа Мирјана Василевска, судија на Виш управен суд, г-ѓа Димитрула Апостоловска, судија на Управниот суд, г. Зоран Павлов, даночен советник, Сектор за присилна наплата, Генерална дирекција Скопје, Управа за јавни приходи и г-ѓа Јасмина Ташовска, даночен советник, Сектор за услуги на даночни обврзници и даноци, Генерална дирекција Скопје, Управа за јавни приходи
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:
- Примена на одредбите за присилна наплата од Законот за даночна постапка
- Одлучување на Управниот суд по поднесени тужби против решенија за присилна наплата
- Начин на оданочување на правните лица во Република Македонија
- Судска заштита по оспорени решенија на Управата за јавни приходи во врска со данокот на добивка