СОВЕТУВAЊE на тeмa „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА“ | Правдико

Правдико

   

СОВЕТУВAЊE на тeмa „ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКА“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Согласно препораките од IV-от круг на евалуација на ГРЕКО Комитетот при Советот на Европа, Академијата за судии и јавни обвинители Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА КРИВИЧНА ПОСТАПКАкое ќе се одржи на 14 мај 2015 година (среда),во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот

Советувањето е наменето за судии поротници од апелационо подрачје Скопје

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: судија Зуица Наумова, Апелационен суд Скопје, судија Зоран Димитриевски, Апелационен суд Скопје

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Новиот концепт на Законот за кривичната постапка
  • Спогодување согласно ЗКП
  • Улогата на судијата на претходна постапка и доказно рочиште
  • Мерки за обезбедување присуство на лица за непречено водење на кривичната постапка
  • Тек на главната расправа
  • Записник за главната расправа
  • Признание на вина во текот на главната расправа
  • Доказна постапка и редослед на изведување на доказите
  • Начини на испитување и правила на судот во процесот на изведување докази
  • Испитување на обвинетиот 

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико