СОВЕТУВАЊE нa тема „Имплементaцијa нa ЗКП“ | Правдико

Правдико

   

СОВЕТУВАЊE нa тема „Имплементaцијa нa ЗКП“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Согласно препораките од IV-от круг на евалуација на ГРЕКО Комитетот при Советот на Европа, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира советување на тема „Имплементација на ЗКП“ кој ќе се одржи  на  9март 2015 година (понеделник), во Апелационен суд Штип.

Советување е наменето за судиите поротници од апелационо подрачје Штип.

На  советувањето одделни излагањa во однос на темата ќе имаат судија Зуица Наумова, од Апелационен суд Скопје и судија Зоран Димитриевски, Апелационен суд Скопје

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

– Имплементација за новиот Закон за кривична постапка

  • Новиот концепт на Законот за кривичната постапка
  • Спогодување согласно ЗКП
  • Улогата на судијата на претходна постапка и доказно рочиште
  • Мерки за обезбедување присуство на лица за непречено водење на кривичната постапка

– Имплементација за новиот Закон за кривична постапка

  • Тек на главната расправа
  • Записник за главната расправа
  • Признание на вина во текот на главната расправа
  • Доказна постапка и редослед на изведување на доказитеНачини на испитување и правила на судот во процесот на   изведување   докази
  • Испитување на обвинетиот

Извор: Академија за судии и обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико