Советување на тема „Изработка на завршна сметка за 2015 година“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Планот на обуки за судските и јавнообвинителските службеници, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема „Изработка на завршна сметка за 2015 година“, кое ќе се одржи на18 јануари 2016 година во просториите на Академијата, со почеток во 9:30 часот.
Советувањето е наменето за судските и обвинителските службеници кои работат во одделенија за финансии – сметководство од сите апелациони подрачја.
Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: г. Бранислав Гулев и г. Максим Ацевски, од Државен завод за ревизија.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:
- Усогласување на фактичката со сметководствената состојба врз основа на констатираните разлики од пописот на средствата и обврските
- Пресметка на амортизација и ревалоризација
- Проценување на билансни позиции
- Данок на добивка
- Сметководствени принципи и начела, сметководствени грешки
- Признавање на расходите согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот за 2015 година
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.