Советување на тема „Компјутерски криминал“ | Правдико

Правдико

   

Советување на тема „Компјутерски криминал“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Правосудната академија на Република Турција, организира советување на тема „Компјутерски криминал“ што ќе се одржи на 21 и 22 април (четврток и петок) 2016 година, во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии на Врховниот суд, судии на апелационите судови, судии на кривичните оддели од сите апелациони подрачја, за јавни обвинители од сите апелациони подрачја, претставници од Министерството за внатрешни работи, како и за адвокати.

Излагачи на Советувањето ќе бидат г. Марјан Стоилковски од Министерството за внатрешни работи, г. Владимир Милошески  од Основното јавно обвинителство гонење на организиран криминал и корупција и јавни обвинители од Република Турција.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико