СОВЕТУВАЊЕ нa темa „Кoнцепт на еднаквост и aнтидискриминaција“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира советување на тема „Концепт на еднаквост и антидискриминација“, што ќе се одржи во период од 27 до 29 април 2015 година, во хотел „Алпина“, Маврово, со почеток во 11:00 часот.
Советувањето се организира за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационото подрачје Гостивар.
Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: г-а Хилда Мешкова, судија, Основен суд Скопје II Скопје; г. Фатмир Муса, адвокат од Скопје; г. Атанас Георгиевски, Адвокатска комора (ментор) и Жанета Попоска, ОБСЕ (ментор).
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Бура на идеи за основните елементи на дискриминацијата
- Презентација за директна дискриминација и вознемирување, вклучително и презентација на заштитните карактеристики (дискриминаторски основи)
- Домашна судска и квази-судска пракса
- Презентација за сегрегација, виктимизација, инструкција за дискриминација и соодветно приспособување
- Презентација за индиректна дискриминација и тестот на пропорционалност
- Студија на случај
- Судска пракса на ЕСЧП и СПЕУ
- Преминување на товарот на докажување
- Бура на идеи за факти и докази
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА