Советување на тема: „Криминал од омраза“ | Правдико

Правдико

   

Советување на тема: „Криминал од омраза“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира советување на тема: „Криминал од омраза“, кое ќе се одржи на 17 и 18 септември 2015 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители со почеток во 10:00  часот.

Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од апелационо подрачје Скопје.

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат:

– Г-ѓа Љиљана Ивановска-Шопова, В.Д. претседател на Апелационен суд Скопје
-Г-ѓа Гордана Смаќоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Теми кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Искуства од заедницата/Изјави кои влијаат на заедницата
  • Концептот на криминал од омраза
  • Меѓународни и регионални стандарди за криминал од омраза
  • Идентификување на случај со криминал од омраза: Показатели за предрасуди
  • Законодавство за криминал од омраза: Примена на националните закони
  • Истражување на различностите
  • Работа со случаи: Показатели за предрасуди и започнување на случај со криминал од омраза
  • Пречки при процесирање на криминал од омраза
  • Доказ за мотивите – Случаи

Препорачуваме

Партнери на Правдико