СОВЕТУВАЊЕ нa тeмa: „Кривичнo правна заштита на правата од интелектуалната сопственост”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Каталогот на активности за задолжителната континуирана обука, организира советување на тема: „Кривично правна заштита на правата од интелектуалната сопственост: Обезбедување докази во текот на истрагата и доказна постапка пред кривичниот суд“, кое ќе се одржи на 12 март (четврток) 2015 година, во Апелациониот суд Битола со почеток во 10 часот.
Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и советници од апелационо подрачје Битола.
Свое излагање на горенаведената тема ќе имаат: г. Момир Маричиќ, член на Совет на јавните обвинители на Република Македонија; г-ѓа Милка Бизевска, судија на Основен суд Битола и г-ѓа Милка Спиркоска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Прилеп.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Кривично правна заштита на правата од интелектуалната сопственост
- Обезбедување докази во текот на истрагата
- Доказна постапка пред кривичниот суд
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука