Советување на тема: “Македонско прекршочно право – проблеми”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението за кривично право и криминологија на Македонија во соработка со ИРЗ – Германската фондација за меѓународна правна соработка на 16-ти декември 2015 година во х. Арка, Скопје организираат советување на тема “Македонско прекршочно право – проблеми”.
Прекршочното казнено право во Република Македонија предизвикува научен и практичен интерес од три аспекта: Прво, како и целокупниот правен и казненоправен систем и прекршочното право е под влијание на многу чести измени и дополнувања на Законот за прекршоци и другите специјални закони со кое се пропишуваат прекршоци и прекршочни санкции. Второ, тоа е под постојани измени, така што не може да се создаде систем преку кој се обезбедува заштита на општествениот поредок и нужна дисциплина во општествениот јавен поредок. Трето, по бројот на граѓаните на кои им се изрекуваат прекршочни санкции – резултира со многу казнување, но и повисок степен на општествена недисциплина. Во рамки на научната конференција, исто така ќе биде организирана панел дискусија на тема „Предностите на ресоцијализацијата наспроти казнувањето кај малолетничката деликвенција“, каде меѓународни и домашни експерти ќе ги изложат своите ставови и мислења за актуелните состојби во оваа област.
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.