СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Мерката притвор и судската пракса на ЕСЧП/Образложение на решението за определување притвор и другите мерки“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема „Мерката притвор/Образложение на предлог за определување притвор и други мерки/Екстрадиционен притвор“ што е предвидено да се одржи на 2 март 2016 година (среда), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за јавните обвинители и стручните соработници од сите апелациони подрачја.
На советувањето свое излагање ќе имаат: г-а Сузана Мирческа Кузмановска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и г-а Маја Конеска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:
- Притворот и другите мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот во кривичната постапка
- Образложение на предлогот за определување на мерката притвор и другите мерки
- Екстрадиционен притвор од јавнообвинителска гледна точка
- Практична вежба и дискусија со учесниците
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали согласно кои ќе се одвива советувањето можете да ги преземете тука.