СОВЕТУВАЊЕ на тeма: „Нaдомест на штета од професионална дејност“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Надомест на штета од професионална дејност“, кое согласно Планот на обуки за 2016 година ќе се одржи на 4 март 2016 година (петок), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето се организира за судиите од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, нотари, извршители и адвокати.
На советувањето свое излагање ќе имаат: судија Лидија Димова и судија Биљана Јачева од Основен суд Велес.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:
- Надомест на штета од професионална дејност (адвокати, нотари) со анализа на случаи од судска пракса
- Надомест на штета од професионална дејност (извршители) со анализа на случаи од судска пракса
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука
Работни материјали:
1.Презентација 1
2.Презентација 2