Советување на тема “Новините во законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка” | Правдико

Правдико

   

Советување на тема “Новините во законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Новините во Законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка“, кое ќе се одржи на 23 февруари 2016 година (вторник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

adv

Советувањето се организира за судиите и советниците/судските соработници од граѓанските оддели на судовите и адвокати од апелационото подрачје Скопје.

Предавачи на советувањето ќе бидат судија Јованка Никодиновска од Апелациониот суд Скопје и судија Антоанета Димовска од Основниот суд Скопје 2.

Во рамките на советувањето ќе бидат разгледани новините во Законот за парнична постапка од 2015 година со фокус на доказната постапка.

Целта на советувањето e размена на мислења и искуства како и разјаснување на дилемите кои се појавуваат во судската практика во врска со најновите измени на Законот за парнична постапка.

Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико