Советување на тема “Одговорност на органите на управување и надзор на трговско друштво од аспект на ЗТД и Закон за стечај” | Правдико

Правдико

   

Советување на тема “Одговорност на органите на управување и надзор на трговско друштво од аспект на ЗТД и Закон за стечај”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАкадемијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема  “Одговорност на органите на управување и надзор на трговско друштво од аспект на ЗТД и Закон за стечај”.

Советувањето е наменето за судии и советници на одделите за трговски спорови и граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на бизнис заедницата. Предавачи на советувањето ќе бидат судија Татјана Сусулеска од Апелациониот суд Битола и судија Биљана Јачева од Основен суд Велес.

Советувањето ќе се одржи на ден 16 Февруари 2015 година /понеделник/, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во Скопје.

Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk  најдоцна до 10 Февруари 2015 година.

Извор:Адвокатска комора на РМ

Препорачуваме

Партнери на Правдико