Советување на тема “Основи на наследување, наследничка трансмисија и право на претставување”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема “Основи на наследување (законско и тестаментално наследување), наследничка трансмисија и право на претставување”.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели на судовите од сите апелациони подрачја, адвокати и нотари.
Советувањето ќе се одржи на ден 11 Февруари 2015 година /вторник/, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во Скопје.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 09 Февруари 2015 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ