СОВЕТУВАЊЕ на тема: Писмeна изработкa на прeсуди со посебен акцент на правната аргументација’’ | Правдико

Правдико

   

СОВЕТУВАЊЕ на тема: Писмeна изработкa на прeсуди со посебен акцент на правната аргументација’’

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logosАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот на обуки за 2016 година организира советување на тема: „Писмена изработка на пресуди со посебен акцент на правната аргументација’ наменето за судии, советници и стручни соработници од граѓанските оддели од апелационо подрачје Битола.

Советувањето е предвидено да се одржи на 10 март 2016 година (четврток), во Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот.

Предавачи на советувањето ќе бидат: судија Лидија Димчевска од Апелационен суд Скопје и судија Лидија Димова од Основен суд Велес.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Техники на пишување пресуди со посебен акцент на образложението на пресудата 
  • Примери од судската пракса и анализа на образложенијата во пресудите 
  • Правна аргументација и структура на пресуда со примери на судска пракса 

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Препорачуваме

Партнери на Правдико