СОВЕТУВАЊЕ нa тeмa: „Практична применa на одредбите за заштита на сведоци и соработници на правдата“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема „ Практична примена на одредбите за заштита на сведоци и соработници на правдата “ кое ќе се одржи на 17 март 2016 година (четврток), во просториите на Академијата со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели, јавните обвинители и стручните соработници од сите апелациони подрачја.
На советувањето свое излагање ќе имаат: г-а Гордана Ѓешкоска, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и г-а Лидија Гавриловска, директор на Управата за извршување на санкции.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Сведок – поим и видови; Заштита на сведоци – процесно и вонпроцесно
- Мерки за заштита на сведоци
- Идентификација и категоризација на сведоци
- Третман на соработниците на правдата за време на издржување на казната
- Примери од судската пракса: Во Република Македонија; На Европскиот суд за човекови права
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.
Работни материјали: