Советување на тема: „Прaвото на осигурувaњe на ЕУ“ | Правдико

Правдико

   

Советување на тема: „Прaвото на осигурувaњe на ЕУ“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

eeuuВо рамките на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ со Европскиот центар за судии и правници при Европскиот институт за јавна администрација  (ЕИПА) од Луксембург, на 21 и 22 јануари 2015 година во просториите на Академијата, со почеток во 9:00 часот, ќе се одржи советување на тема: „Правото на осигурување на ЕУ“.

Советувањето го организира Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, како дел од Програма на Луксембург за техничка помош за Република Македонија « Правото на ЕУ за судството II.

Реализацијата на советувањето е поддржана од Владата на Луксембург.

Советувањето е наменето за судии на Врховниот суд на Република Македонија, судии на апелационите судови и судии од граѓанските и трговските оддели на основните судови од сите апелациони подрачја.

Со воведно обраќање до присутните советувањето ќе го отворат: г-ѓа Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и г-ѓа Алина Домараџка, предавач на Европски центар за судии и правници, ЕИПА Луксембург.

Излагања поврзани со темата ќе имаат: експерите од Република Хрватска: г-ѓа Ана Кеглевиќ, доцент на Правен факултет, Загребски универзитет, Хрватска и г. Ѓуро Сеса, судија на Врховниот суд на Република Хрватска; г-ѓа Нина Бетето, судија и потпреседател на Врховниот суд на Република Словенија и член на Бирото на Консултативниот совет на судии и  Др. Ханс Кристијан Мајер, М.Jur (Оксфорд) Рихтер на Ландерихт.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико