Советување на тема: „Престанок на работниот однос / Исплата на бруто плата при незаконит престанок на работен однос“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Престанок на работниот однос / Исплата на бруто плата при незаконит престанок на работен однос“ што ќе се одржи на 11 април 2016 (понеделник) во просториите на Академијата.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Зоран Михајловски од Американ Колеџ – Скопје и Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Советувањето е наменето за судии од одделите за работни спорови од сите апелациони подрачја и адвокати.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.