СОВЕТУВАЊЕ на тема „Превенција на корупција и судир на интереси, добро владеење, интегритет и етика“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и превенција и намалување на појавата на судирот на интереси со акционен план 2016-2019 година, организира советување на тема: „Превенција на корупција и судир на интереси, добро владеење, интегритет и етика“, што ќе се одржи на 6 јуни 2016 година (понеделник), во просториите на Јавно обвинителство на Република Македонија, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Гордана Ѓешкоска, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и г. Владимир Георгиев, државен советник на Државната комисија за спречување на корупција.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- Јавно обвинителство – етика и интегритет
- Превенција на корупција и судир на интереси, личен и организациски интегритет
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.