СОВЕТУВАЊЕ на тема: Презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија и Практичниот водич за новиот етички кодекс. | Правдико

Правдико

   

СОВЕТУВАЊЕ на тема: Презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија и Практичниот водич за новиот етички кодекс.

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Здружението на судиите на Република Македонија, со финансиска поддршка на ИПА Проектот 2010 – „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на пробациската служба и алтернативните мерки“ ќе одржат презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија и Практичниот водич за новиот етички кодекс.

logos

Презентацијата на Кодексот призлегува од активностите кои се во согласност со препораките од експертскиот извештај на Рајнхард Прибе.

На презентацијата се поканети судии, јавни обвинители, членови на Здружението на судиите на Република Македонија, претставници на Адвокатска комора на Република Македонија, Нотарска комора на Република Македонија, Комора на извршители на Република Македонија и невладини организации.

Двете публикации ќе бидат презентирани на 11 јули 2016 година во Гостивар.

Со поздравно обраќање до присутните настанот ќе го отворат: д-р Џемали Саити, судија на Врховниот суд на Република Македонија и претседател на Здружението на судии на Република Македонија и м-р Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“

На презентацијата свое излагање посветено на судскиот интегритет согласно препораките на ГРЕКО Комитетот при Совет на Европа содржани во Извештајот за евалуација на Република Македонија од 4 – от круг ќе има м-р Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО Комитетот.

Досегашните искуства од практичната имплементација на кодексот ќе ги презентира д-р Џемали Саити, судија на Врховниот суд на Република Македонија и претседател на Здружението на судии на РМ

Агендата согласно кои ќе се одвива презентацијата можете да го преземете тука:

Агенда- „Презентација на Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија и Практичниот водич за новиот етички кодекс“ – 11 јули 2016 година- Основен суд Гостивар

Работни материјали

1. Презентација 1

2. Презентација 2

Препорачуваме

Партнери на Правдико