Советување на тeма: “Примeнa нa Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда„ | Правдико

Правдико

   

Советување на тeма: “Примeнa нa Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда„

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvo (1)Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители организира советување на тема“Примена на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда„ што ќе се одржи на 19 февруари 2014година (среда), во Апелациониот суд Скопје со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели на судовите од апелационо подрачје Скопје со тоа што советувањето е задолжително за судиите кои согласно годишниот распоред се задолжени да постапуваат во случаите на граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Во рамките на советувањето, свои излагања ќе имаат судија Лидија Тасева од Врховниот суд на Република Македонија, м-р Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и м-р Даница Џонова од Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Програма

Извор: Академија за судии и јавни обвинители

Препорачуваме

Партнери на Правдико