Советување на тема: „ Примена на Законот за правда на децата/Конвенција за правата на децата “ | Правдико

Правдико

   

Советување на тема: „ Примена на Законот за правда на децата/Конвенција за правата на децата “

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logos

Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира еднодневно советување на тема: „ Примена на Законот за правда на децата/Конвенција за правата на децата “, кое ќе се одржи на 17 септември  2015 година, со почеток во 9:30 часот, во просториите на Апелациониот суд Битола.

Советувањето е наменето за судии на граѓанските и кривичните оддели на судовите, јавни обвинители од апелационото подрачје Битола, како и за претставници од Министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални работи.

 

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат:

–       Г-а Милка Бизевска, судија во Основен суд Битола
–       Г-а Бранка Дадасовиќ, психолог – психотерапевт, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје

Теми кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Законот за правда на децата
  • Анализа на Конвенцијата за правата на децата
  • Анализа на случаи од праксата

Препорачуваме

Партнери на Правдико