СОВЕТУВАЊЕ на тема „Пробација-нов импулс за условниот отпуст“ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

СОВЕТУВАЊЕ на тема „Пробација-нов импулс за условниот отпуст“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

logosАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на условната казна и алтернативните мерки„ организира советување на тема: „Пробација-нов импулс за условниот отпуст“ кое што ќе се одржи на 05 февруари (петок) 2016 година, во просториите на Академијата, со почеток во 10:30 часот.

Советувањето е пред се наменето за судиите од прв степен кои одлучуваат во кривични совети за условен отпуст, директори на затворите и КПУ во РМ, претставници од Министерството за внатрешни работи, Управата за извршување на санкции, Министерство за правда на РМ, како и јавни обвинители од сите јавни обвинителства.

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: г. Енди Стелман, меѓународен експерт за пробација, клучен проектен експерт за пробација на ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на условната казна и алтернативните мерки“ и г-а Џули Мастерс, експерт за пробација, поранешен директор на операции во пробациската служба во Англија.

Советувањето ќе го модерира г. Јордан Апостолски, адвокат, главен правен експерт на ИПА 2010 проектот за „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и унапредување на условната казна и алтернативните мерки.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Презентација за новите предизвици во делот на условниот отпуст во светло на решенијата од новиот Закон за пробација
  • Практични вежби

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Препорачуваме

Партнери на Правдико