Советување на тема “Улогата на финансиските извештаи како докази”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” организира советување на тема “Улогата на финансиските извештаи како докази”, наменето за судии и адвокати од сите апелациони подрачја. Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Татјана Сусулеска, судија на Апелациониот суд Битола и г-ѓа Верица Хаџи Василевс – Марковска, консултант.
Советувањето ќе се одржи на ден 05 Февруари 2016 година /петок/ во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, со почеток во 10.00 часот.
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk