Советување на тема “Улогата на вештаците, техничките советници, бранителот и судот во кривичната постапка”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението за кривично право и криминологија во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, организира советување наменето за адвокати на тема “Улогата на вештаците, техничките советници, бранителот и судот во кривичната постапка”.
Советувањето ќе се одржи на ден 17 Декември 2014 година /среда/ во просториите на хотел Арка во Скопје со почеток во 10.00 часот.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 12 Декември 2014 година.
Извор: Адвокатска комора на РМ