Советување на тема: „Востановување, утврдување и престанок на право на службеност“ | Правдико

Правдико

   

Советување на тема: „Востановување, утврдување и престанок на право на службеност“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sudii-5002Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев„ организира советување на тема: „Востановување, утврдување и престанок на право на службеност“,  што ќе се одржи на 21 април 2015година (вторник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето се организира за судии од граѓанските оддели на судовите од апелационите подрачја Скопје, Гостивар и Штип.

Во рамките на советувањето свое излагање ќе имаат: г-ѓа Анита Бошковска, судија на Апелационен суд Скопје и г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето  се следните:

  • Поим, видови, стекнување и содржина на службеност  
  • Престанок на правото на службеност и видови на тужби

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико