Советување на тема : Забрана за мачење – Член 3 од ЕКЧП/Недостаток на ефикасна истрага
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема „Забрана за мачење – Член 3 од ЕКЧП/Недостаток на ефикасна истрага“ што е предвидено да се одржи на 1 декември 2016 година (четврток), во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја, за претставници од Министерството за внатрешни работи и за претставници од Министерството за правда.
На советувањето свое излагање ќе имаат д-р Тодор Витларов, јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип и м-р Даница Џонова, Биро за застапување на Република Македонија пред ЕСЧП, Министерство за правда.