СОВЕТУВАЊЕ на тема „Заштитa нa лични подaтоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“ | Правдико

Правдико

   

СОВЕТУВАЊЕ на тема „Заштитa нa лични подaтоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Дирекција за заштита на лични податоци и Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, организира советување на тема „Заштита на лични податоци и слободен пристап до информации од јавен карактер“ што ќе се одржи на 6 април 2015 година (понеделник) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за офицерите  за заштита на лични податоци и за лицата кои постапуваат по барањата за слободен пристап до информации од јавен карактер, од судовите и обвинителствата од сите апелациони подрачја. 

Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат претставниците од Дирекција за заштита на лични податоци: г-ѓа Добринка Борисовска Господинова и г-ѓа Билјана Волческа, како  и претставниците од Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер: г-ѓа Цвета Трајковска и г-ѓа Јорданка Стојкова.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  •  Имплементација на Законот за заштита на личните податоци во судовитре и ЈО

Обврски за  за правосудството согласно прописите за заштита на личните податоци   

– Офицер за заштита на личните податоци

  • Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во јавните обвинителства и судовите               

– Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во јавните обвинителства

– Случаи од пракса  

  • Остварување на правата на субјектите на лични податоци

– Видео надзор

– Случаи од праката во Република Македонија 

  • Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот

Програмата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете тука.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико