Советување на тема: “Заштита на трговска марка и видови спорови кои произлегуваат од повреда на зашитена трговска марка”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка со Адвокатската комора на Република Македонија, организира советување на тема “Заштита на трговска марка и видови спорови кои произлегуваат од повреда на затитена трговска марка”.
Советувањето е наменето за судии од граѓански и трговски оддели на судовите од сите апелациони подрачја, претставници на Државниот завод за индустриска сопственост и адвокати, а свое излагање ќе имаат: г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес и г-дин Симче Симјановски, раководител на сектор во Државниот завод за индустриска сопственост.
Советувањето ќе се одржи на ден 3 Февруари 2015 година /вторник/, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје.
Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил. lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 31 Јануари 2015 година.