Советување на тема “Заштита од дискриминација врз основ на сексуална ориентација”
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” во соработка и со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира советување на тема “Заштита од дискриминација врз основ на сексуална ориентација”. Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели во сите апелациони подрачја, адвокати, претставници од Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Советувањето ќе се одржи на ден 21 Септември 2015 година /понеделник/ во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје.
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.