Советување: „Нaплатување на судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судски такси“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Наплатување на судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судски такси“, што ќе се одржи на 28 септември 2017 година (четврток), во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судски службеници кои работат на овие работни места од сите апелациони подрачја.
Предавач на советувањето ќе биде г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- „Наплатување на судска такса“
- „Извршување на санкции“