Советување: ,,Нoвини вo областа на јавните набавки законски измени, електронско спроведување на јавни набавки, отворени прашања при постапување во пракса“ | Правдико

Правдико

   

Советување: ,,Нoвини вo областа на јавните набавки законски измени, електронско спроведување на јавни набавки, отворени прашања при постапување во пракса“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Бирото за јавни набавки, организираат советување на тема „Новини во областа на јавните набавки законски измени, електронско спроведување на јавни набавки, отворени прашања при постапување во пракса“  кое ќе се одржи на  6 февруари 2017 година (понеделник), во просториите на Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето се организира за судски администратори и судски службеници задолжени за спроведување постапка за јавни набавки.

На советувањето со свои излагања ќе имаат претставниците од Бирото за јавни набавки г-а Габриела Папеш и г-а Александра Петревска.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

– Новини во легислативата: Актуелни измени и примена во пракса на Законот за јавните набавки
– Тендерска документација како основа за добивање на понуди
– Критериуми за утвдување на способност
– Спроведување на постапка преку ЕСЈН (претставување на сите чекори на постапката од одлука за јавна набавка до договор за јавна набавка)
– Последни новини во делот на ЕСЈН и аукции
– Електронски аукции кај постапки за набавки од специфична природа

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико