Советување: „Новините во Законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка“ | Правдико

Правдико

   

Советување: „Новините во Законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Новините во Законот за парнична постапка со посебен осврт на доказната постапка“ што ќе се одржи на 15 април (петок) 2016 година, во просториите на Апелациониот суд Битола со почеток во 10 часот.

Излагачи на Советувањето ќе бидат судијката Јованка Никодиновска од Апелациониот суд Скопје и судијката Антоанета Димовска од Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Адвокатите од Апелационото подрачје Битола кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Бројот на учесници – адвокати е ограничен на тројца (3) и изборот ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико