Советување: „Новините во Законот за парничната постапка со посебен осврт на доказната постапка“ | Правдико

Правдико

   

Советување: „Новините во Законот за парничната постапка со посебен осврт на доказната постапка“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

advАкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Новините во Законот за парничната постапка со посебен осврт на доказната постапка“ што ќе се одржи на 21 март 2016 (понеделник) во просториите на Апелациониот суд Штип, со почеток во 10 часот.

Предавачи на советувањето ќе бидат судија Јованка Никодиновска од  Апелациониот суд Скопје и судија Антоанета Димовска од Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Во рамките на советувањето ќе бидат разгледани новините во Законот за парнична постапка од 2015 година со фокус на доказната постапка. Целта на советувањето e размена на мислења и искуства како и разјаснување на дилемите кои се појавуваат во судската практика во врска со најновите измени на Законот за парнична постапка.

Советувањето се организира за судиите и советниците/судските соработници од граѓанските оддели на судовите од апелационо подрачје Штип, како и адвокати од ова апелационо подрачје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 14 март.

Препорачуваме

Партнери на Правдико