Советување:„Побивање должникови правни дејствија според одредбите на Законот за облигациони односи и Законот за стечај“ | Правдико

Правдико

   

Советување:„Побивање должникови правни дејствија според одредбите на Законот за облигациони односи и Законот за стечај“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година, организира Советување на тема „Побивање должникови правни дејствија според одредбите на Законот за облигациони односи и Законот за стечај“ што ќе се одржи на 7 март (вторник) 2017 во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели и одделите за стечај од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници од Министерството за правда.

Излагачи на Советувањето ќе бидат Антоанета Димовска, судија во Основниот суд Скопје 2 и судија Билјана Јачева од Основен суд Велес.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико