Советување: „Повторување на домашни парнични и кривични постапки под добиени пресуди на ЕСЧП“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно планот на обуки за 2016 година организира советување на тема „Повторување на домашни парнични и кривични постапки под добиени пресуди на ЕСЧП во кои е констатирана повреда“ што ќе се одржи на 22 септември 2016 година (четврток) во просториите на Апелациониот суд Битола.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските и кривичните оддели, јавни обвинители и адвокати од апелационото подрачје Битола.
Темите на советувањето ќе ги изложат м-р Даница Џонова од Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права и д-р Восилав Стојановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk