Советување: „Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во обвинителствата" | Правдико

Правдико

   

Советување: „Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во обвинителствата”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Дирекција за заштита на лични податоци, организира советување на тема „Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во обвинителствата / Улогата на офицерот за заштита на личните податоци  согласно новата регулатива на ЕУ“ кое што ќе се одржи на 20 февруари 2017 година (понеделник) во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за офицери за заштита на лични податоци од сите обвинителства во Република Македонија.

Во рамките на советувањето свое излагање ќе има г-а Добринка Борисовска-Господинова, Раководител на Сектор за европска интеграција, проекти и меѓународна соработка од Дирекција за заштита на личните податоци.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

-Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во обвинителствата

-Исклучоци од Законот за заштита на личните податоци

-Надлежностите на офицерот за заштита на личните податоци според Законот за заштита на личните податоци

-Улогата на офицерот за заштита на личните податоци  согласно новата регулатива на ЕУ

-Подготовка на нов Закон за заштита на личните податоци во Република Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико