Советување: „Примена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти/Спорови кои произлегуваат од легализација на дивоградби“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Примена на Законот за постапување со бесправно изградени објекти/Спорови кои произлегуваат од легализација на дивоградби“.
Советувањето ќе се одржи на 18 февруари 2016 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот. Предавачи на советувањето ќе бидат судија Лидија Димова од Основниот суд Велес и судија Љубица Колиќ од Основниот суд Скопје 2.
Во рамките на советувањето ќе бидат разгледани Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во сопственост на државата и граѓанските спорови кои произлегуваат од примената на овие закони со примери од судската практика.
Целта на советувањето e размена на мислења и искуства како и разјаснување на дилемите кои се појавуваат во судската практика при решавањето на граѓанските спорови кои произлегуваат од примената на предметните закони.
Советувањето е наменето за адвокати, судии и судски соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk најдоцна до среда, 17 февруари.