Советување: Примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство | Правдико

Правдико

   

Советување: Примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година, организира советување на тема „Примена на Законот за превенција“ кое ќе се одржи на 9 март 2017 година во просториите на Академијата.

Целта на Советувањето е да бидат разгледани спорните прашања, особено привремените мерки од страна на МВР.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители, адвокати, претставници од МВР, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Завод за социјални дејности и Центар за социјални работи.

Предавачи на советувањето ќе бидат Оља Ристова, судија на Основен суд Скопје 1 и Софија Спасовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико