Советување: „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“ | Правдико

Правдико

   

Советување: „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година организира советување на тема „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“, кое е предвидено да се одржи на 23 март 2017 година (четврток) во просториите на Основен суд Гостивар.

Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители, адвокати од Гостиварското апелационо подрачје и претставници на центрите за социјална работа од ова подрачје.

На советувањето свое излагање ќе имаат г-ѓа Лилјана Ивановска-Шопова, претседател на Аапелациониот суд Скопје, и г-ѓа Емилија Василевска од Управата за извршување санкции.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.

Препорачуваме

Партнери на Правдико