Советување: „Пробацијата во согласност со КЗ и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“ | Правдико

Правдико

   

Советување: „Пробацијата во согласност со КЗ и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: „Пробацијата во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“,  кое ќе се одржи на 23 февруари 2017 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривичните одделии и јавни обвинители од апелационото подрачје Скопје, претставници од Управата за извршување на санкции, претставници од Меѓуопштински центар за социјални работи, како и за адвокати.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Љиљана Ивановска Шопова, претседател на Апелациониот суд Скопје и г-а Емилија Василевска од Управата за извршување на санкции.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Пробацијата во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната
  • Пробациската служба – Организациска поставеност, надлежности и извршување на пробациски работи согласно Законот за пробација

Препорачуваме

Партнери на Правдико